
Скопје, 13.09.2016. Логин Системи потпиша договор за имплементација на систем за деловно работење (анг. ERP Enterprise Resource Planning) базиран на Microsoft Dynamics NAV со компанија од Дубаи за продажба и маркетинг на производи на светски берзи и светски пазари. Согласно договорот, досегашниот систем што го користи фирмата од Дубаи ќе се замени со NAV и новиот систем ќе биде сместен во Македонија.
Овој договор е значаен и по тоа што ќе се користат ресурси во Македонија како што се сервери, персонален клауд, лиценци и македонска работна сила. Покрај финансискиот модул, компанијата ќе користи и модули за набавки, продажба и маркетинг, и човечки ресурси. Системот ќе работи повеќе-јазично и со повеќе валути.
Microsoft Dynamics Nav е платформа за изградба на решенија за интегрирано деловно работење за компании и организации. Логин Системи во текот на своето работење со Nav изработи дополнителни модули и програмски решенија кои ја комплетираат работата на NAV. Овие наши дополнувања се во функција во десетици фирми и организации во Македонија, Косово и Албанија.
Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV.
Comments