top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

MSD365BC.png

What are the steps to upgrade/migrate from Navision or Dynamics NAV to Business Central

MSD365BC.png

Microsoft го сертифицира македонскиот превод на Логин Системи за Dynamics 365 Business Central

MSD365BC.png

Translation on Macedonian Language for Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2

блог

Буџетирање трошоци и продажни прогнози за фирми и буџетски организации

Компаниите и организациите континуирано ги следат оперативните активности преку анализирање како се работело во минатото и во исто време...

пишува:

Angel Face

Автор

27.12.2021

Notebook and Fountain Pen

категории

Буџетирање трошоци и продажни прогнози за фирми и буџетски организации

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Одржано предавање за ЕРП и сметководството, КПУ обука за сметководителите во организација на ФВ

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

Печатење фискални сметки со Business Central Online и OnPremises

Business Central: Автоматско преземање на девизни курсеви од Народна банка на Македонија

Србија е десета земја во која Логин Системи инсталира или опслужува Business Central во приватниот сектор

Michelin поттикнува успех за своите мали бизниси со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Nanoleaf станува попродуктивен за 33% со Dynamics 365 Business Central

Новост е: Карактеристики на продуктивност во веб-клиентот (2023 release wave 2)

Business Central: Интегрирано работење со Microsoft Outlook, Excel, and Teams

Бесплатна пресметка на плата за 2024 година, вклучува минат труд (стаж) и месечен ангажман

MakasIT.gif


Компаниите и организациите континуирано ги следат оперативните активности преку анализирање како се работело во минатото и во исто време се свртени кон иднината. Тие се обидуваат да ја предвидат продажбата за наредната година, трошоците кои би ги имале за наредните две години итн. Ова се прави со креирање на буџети или прогнози кои потоа се споредуваат со актуелните податоци од работењето.

Дефиниција

Во Инвестопедија, буџет се дефинира како проценка на приходи и трошоци за некој иден временски период, се креира и пре-пресметува периодично, типично за една година или во поново време на 5 тримесечја. Буџетите може да се прават за поединци, семејства, група на луѓе, бизниси, владини институции, невладини организации, држави или за било која организација која треба да прави и да троши пари.

Во рамките на компаниите и организациите, буџетот е интерна алатка која се користи од менаџментот, а може но не мора да се користи во извештаите кон други надворешни страни.


Кој период опфаќа буџетот во однос на бизнис план или стратегија

Постои некое заедничко менаџерско верување дека буџет се прави за една година, бизнис план е во рамките на 3 години, а од 3 до 5 години - се подготвува стратегија. За некои бизниси и организации, стратегијата опфаќа период од 10 години.

Потешкотии во креирање на буџети

Една од потешкотиите зошто фирмите не прават буџети или истите не ги користат за споредба со резултатите од актуелното работење е заради тоа што немаат можност во нивниот сметководствен програм.

Обично, кај фирмите и организациите што не поседуват ERP систем, буџетите се прават во Ексел, а актуелното работење се води во програм кој нема можност да работи со буџети. Освен грубите бројки како што е продажбата на ниво на компанија која може да се споредува со продажбата (само „рачно“), попрефинети споредби речиси и да не е можно или треба многу време.

Буџетирање во Microsoft Dynamics NAV

За разлика од сметководствените програми, Dynamics NAV како ERP систем уште од своите први верзии вклучува функции за работа со буџети. Во Dynamics NAV може да се креираат неколку видови на буџети: (1) буџети за конта од контниот план, (2) за трошоци, (3) за продажби и (4) за набавки, како што е прикажано на сликата подолу.


Буџети во Microsoft Dynamics NAV

Буџети во Microsoft Dynamics NAV

Карактеристично за буџетите во NAV е тоа што може да се користат димензии. Повеќе за концептот на „димензии“ и нејзината употреба има во блогот „Димензии во сметководство и ERP за деловна интелигенција и анализи“.

Буџетирањето на контата е прилично едноставна постапка. Се ставаат планирани (буџетирани) износи на дел од контата од контниот план и се избира периодот, на пример за годината 2018, и се избира временскиот интервал, на пример, месец за месец.

За буџетирање на продажба или уште се нарекува „продажна прогноза“, може да се користи буџетот за конта од контниот план, потоа се избираат контата за продажба и се ставаат планираните износи. Но, уште поатрактивно е тоа што може да се избере Буџетот за продажби и таму да се буџетира според купувачи и/или артикли. Или да се изберат некои други димензии како на пример, продажни лица или географски области. Ова е прикажано на наредната слика.


Изглед на екран за буџетирање со Буџет за продажби во Dynamics NAV

Изглед на екран за буџетирање со Буџет за продажби во Dynamics NAV

За организациите кои се потпираат на буџетски трошења, корисен урнек е Буџетот на трошоци. Овде се ставаат буџетираните трошоци по активност или тип на трошок како што е прикажано на сликата подолу.


Изглед на екран за буџетирање со Буџет на трошоци во Dynamics NAV

Корисникот на Dynamics NAV може да го користи Excel за извезување, модифицирање и увезување на буџетите во NAV. Сите овие креирани буџети се интегрирани во различните извештаи. Исто така може да се копираат буџети од други временски периоди, да се модифицираат и со тоа да се заштеди на време.

Тоа што е важно е дека може да се креираат произволен број на буџети за идентични времиња така што организацијата не зависи од еден и единствен мастер буџет. Така на пример, организацијата може да креира буџет за 2018та година со одредени или сите конта од контниот план. Паралелно со тоа, организацијата може да стави буџет за продажби за 2018та кадешто ќе наведе на кои територии планира да продава, а во буџетот за набавки да стави од кои добавувачи планира да купува и во кои износи (анг. sales forecasts).


Буџет наспроти сработено

„Ако не планираш (буџетираш), ти планираш да губиш“

Буџетирањето е важен процес во организациите за да може успешно да планираат за наредниот период, а потоа да може и да мониторираат како се изведува планираното.

На наредното видео може да се погледне постапката за креирање на буџети во Dynamics NAV.


Видео: Креирање на буџети во Dynamics NAV 2016/2017

Важна напомена: иако екраните и видеото се на англиски јазик, Microsoft Dynamics NAV е прилагоден на македонските прописи преку таканаречената македонска локализација, а во зависност од верзијата Dynamics NAV е целосно преведен на македонски јазик или е делумно преведен на македонски и албански јазик.

 

Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV.

Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

0 comments

Comments


LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page