top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Сметководство и финансии

Public·10 members

УЈП: Нови стапки при пресметката за плата за јануари 2020 година


Нови стапки на придонеси


Управата за Јавни приходи информира дека врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2020 година, се променети и тоа за следните придонеси:


  • Придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување

  • Придонес за задолжително здравствено осигурување

  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци

  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци

  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци

  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци

  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци

  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци (види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/641)



Задолжителни придонеси
Задолжителни придонеси


Придонеси за стаж на осигурување
Придонеси за стаж на осигурување

Даночно намалување


Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2020 година, ќе се применува даночно намалување во следниот износ:


  • Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход во износ од 98.736,00 денари.


  • Даночното намалување при исплата на доход од работа по основ на плата, надоместоци на плата и пензија, на месечно ниво во износ од 8.228,00 денари.



Извор: Управа за јавни приходи


Управа за јавни приходи УЈП
Управа за јавни приходи УЈП




За преглед на придонеси и други пресметки по месеци можете да погледнете во Плата за месеци.


Пресметајте бесплатно износи на плати со давачи со Веб калкулаторот на Логин Системи.



#плати #УЈП #сметководство

925 Views
bottom of page