top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Сметководство и финансии

Public·11 members

Објавен Законот за данок на личен доход во Службен весник


Управа за јавни приходи
Управа за јавни приходи

Во Службен весник на РМ број 241 од 2018 година е објавен Законот за данок на личен доход кој започнува да се применува од 1 јануари 2019 година. Со денот на започнувањето на примената на овој закон престанува да важи Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ‘‘ број 80/93…190/17).


Со новиот Закон за данокот за личен доход се воведуваат два модели на оданочување:


  • прогресивен данок за доходите од работа, авторските доходи, од самостојно вршење на дејност, доход од одигурување (пензиски придонес и пензиски надоместок) и доход од продажба на сопствени земјоделски производи. Овој доход се оданочува со стапка од 10% на годишната основа од 1.080.000 денари, а над овој износ со стапка од 18% и

  • данок на доход од капитал кој се оданочува се пропорционална даночна стапка од 15%. Овој доход не се вклучува во годишниот доход кој би се оданочувал прогресивно.


Одредбите кои се однесуваат на оданочување на каматите на депозитите како и на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност, ќе се применуваат од 1 јануари 2020 година.


Законот може да го преземете тука ...

Извор: МСФИ е-вести https://msfi.com.mk/



762 Views
Admin (LS)
Admin (LS)
Dec 30, 2018

Насоки во врска со примената на законот има на страницата на УЈП со адреса http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/674

bottom of page