Сондажа: Искуства со транспорт, шпедиција и царинска постапка за мали пратки при извоз

Како продолжение на измената на регулативата на Народната банка како и мојот претходен пост (За да носи мед, саќето треба да е подготвено - следни чекори за PayPal) дека е потребно да се подготват работи во повеќе сегменти - отварам тема за извозот на мали пратки.
Постои заинтересираност и начелна согласност кај надлежните институции за разговор и наоѓање решенија за извоз на мали пратки. Сегменти за кои би се зборело се транспортни трошоци и нивна сигурност, шпедитерски трошоци и царински формалности.
За да не биде само на жалење на администрацијата, сега кога имаме подадена рака, замолувам да споделите ваши искуства, предлози и сугестии околу овие теми. Ако немате, а знаете некој има искуство, информирајте го за оваа иницијатива/сондажа за да може да се вклучат релевантни лица. Ни требаат паталци, а не - гаталци.
Времето е значајно. Ве молам да прибереме фидбек во наредните 10 денови. Ќе претстојат средби во Министерството за економија и во Царината.
Благодарам!
#paypal #однасзависи

Еве уште едно лично искуство
Дигиталната трансформација на Македонија има еден анолеген и логичен баг. Тоа е Македонска пошта под раководство на Дуи. Имено, пратката со ракотворба платена преку Etsy за Германија (free shipping by the way) чека 8 дена да влезе во авион. Ама пошто се работи за Дуи можда е боље многу многу да не се таласа, нели