АКО ПРОДАДАМ СЛИКА ОД 200 ЕВРА ПРЕКУ ПЕЈПАЛ, КОЛКУ ЌЕ ОСТАНЕ ЗА МЕНЕ?
За Пејпал се бара масовност. Активна масовност. Да презентираме на Пејпал дека има потенцијален бизнис.
Сите викаат дека има интерес. Верувам дека има интерес. Но знаете многу добро дека во бизнисот се важни бројките. И големите играчи одлуки прават според бројки наместо на емоции.
Иницијативата за Пејпал ја потпишаа 1300 ентитети, дел фирми, дел поединци. Неочекувано висока бројка која многу пријатно ме изненади. Сепак. Пред две години ова беше недоволно за Пејпал да отвори операции во Мк. И сега не е доволно. Некои се обратиле во Пејпал и добиле куртоазен одговор дека не е време за бизнис одлука.
Ни останува самите да си помогнеме. Да го сработиме нашиот дел од задачата.
Утре Пејпал да дојде, дали некој знае колкави провизии ќе имаат банките? Колкава ќе биде тарифата на шпедитерите? Ако треба да продадам слика за 200 евра, колку ќе ми остане како печалба? На пример, ако за транспорт ми требаат 50 евра, шпедитерот ми зема 60 евра, банката да ми земе 30 евра, Пејпал ми зема 2,5%, колку пари ќе ми останат од 200 евра? Ќе излезе дека за слика од 200 евра може ќе треба да се издвојат Цирка 130 евра како трошоци. Или повеќе, а може и многу помалку. Каде се материјалите и трудот? Дали се исплати?
Затоа е важно да се дебатира фокусирано на форум наместо на разни места на фејсбук, важно е да има сугестии и коментари, да се споделува. Да се изродат нови идеи како да се подобрат условите за работење. И потоа една по една да се решаваат во институциите. Само така може да има прогрес. Кога ќе се средат работите, Пејпал не мора да дојде. Ќе дојде некој друг ... Но системот и процедурите во државата ќе стане подобрен.
Нека не ве м’рзи. Пред многу години некои се фатиле за пушка за да се изборат за подобар живот. Ние можеме со “модерни” пушки да се избориме за подобра сегашност и иднина.
❤️Мк


@Павле Гацов има објаснување во следниот коментар. Евентуално, @Мери Каровска ако има за дополнување.