Блокиран Пејпел профил - верификација
Здраво на сите, Пред неколку месеци го направив профилот според чекорите што беа тука објавени и за држава ја одбрав Словенија ( бидејќи знам имаше за неа доста дискусии дека работи ок). До пред некој ден се беше ок, но сега ми го блокираа профилот и бараат верификација на профил со адреса и документи. Бидејќи ја нема Македонија во тоа листата да одберам за да ставам трансакциска сметка, неможам никако да го користам профилот.
Направив сега и нов акаунт, и за држава ја одбрав Алб
анија (бидејќи тука имаше пост да се одбере Албанија, линк до објавата)
Прашањето ми е следно: Дали ќе имам проблем и со овој акаунт бидејќи ќе имам трансакции? Дали има шанси да ми го блокираат и овој профил, и ако да, што да правам? Како да го користиме Пејпел акаунтот без проблеми? Дали може да се користи цел профил и кога ќе ни побараат документи да им дадеме Македонски (бидејќи не ми ги прифаќаат) ?
Подоле има слики од проблемот.




Тој линк ми е пратен за верификација и те носи да ставиш сметка од банка и само тие држави можеш да ги одбереш.
И тука не збориме за напади туку блокирање на сметка зошто не сум од државата од која сум се регистрирал. И втор акаунт направив со истите чекори со држава Албанија па баш ќе видам што ќе се случи.
И мене ми работеше трансферот за картички на Македонски картички, но ете, ми пратија маил дека користам Македонски акаунт и да го верифицирам профилот. Веќе трансфер на картичка неможе т.е е заклучен - мора сметка од банка да додадам. Види горе и пораката што пишале, дека Пејпел има одредени функции во одредени држави.
Било која држава да ја одбереш, дали Албанија дали Бугарија, пак неможе да се докаже адресата (зошто сум од Македонија логички).