top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Microsoft Dynamics 365

Public·4 members

Видео: Внесување на девизни курсеви од Народната банка во Dynamics NAV / 365 Business Central

За фирмите што работат со странски партнери, купувачи и/или добавувачи, и издаваат фактури во други валути, потребно е да се внесат девизните курсеви на тие валути. Оваа операција се прави за да може Dynamics NAV / 365 Business Central да пресмета денарски износи и истите да ги искнижи во главната книга во сметководството.



Внесување на девизни курсеви од Народната банка во Dynamics NAV / 365 Business Central

Постапката на внесување на курсеви е во продолжение. На крајот е и видеото.

1️⃣ Наоѓање на страницата за валути

Во делот за пребарување од главниот екран на Dynamics NAV се внесува „валути“ како на сликата подолу.


Наоѓање на страницата за валути
Наоѓање на страницата за валути

2️⃣ Избор на валута

Од понудената опаѓачка листа се избира страницата Валути. Од листата на валути се обележува валутата за која треба да се внесе девизен курс - во конкретниот случај тоа ќе биде еврото. Потоа во горниот дел од страницата се избира командата Курсеви (како што е обележано на долната слика)


Страница за избор на странски валути
Страница за избор на странски валути

3️⃣ Преглед на курсеви

Во листата на курсеви, се кликнува на колоната Почетен датум за да се подреди листата на курсеви во опаѓачки редослед. Така ќе може да се види кој е последниот курс внесен за еврото. Во примерот на сликата подолу, тоа е датумот 07.05.2019.

Страница за внесување на девизни курсеви за валута
Страница за внесување на девизни курсеви за валута

4️⃣ Внесување на курсеви


Од курсната листа на НБРМ на страницата https://www.nbrm.mk/kursna_lista.nspx се бара наредниот датум. На пример, тоа е 08.05.2019. Ако тој курс е различен од тековниот курс, се креира линија на копчето New од рибонот (горниот дел на Dynamics NAV).

Во новата линија што се креира, се внесува износот на курсот на две места: Износ на релационен курс и Прилагоден релационен курс.


📽 Видео сесија со пример

Подетално за внесувањето на курсевите има на видеото подолу.




Ве молам пишете во коментар подолу за тоа што сакате да видите наредно. И не заборавајте да стиснете лајк ❤️ ако ви се допадна и ви користи оваа објава.


#msdynnav #msdyn365bc #курс #валута

60 Views
Venko Gligorov
Venko Gligorov
Jul 27, 2024

Да информирам дека од неодамна Логин Системи изработи функционалност за автоматско преземање на девизни курсеви од Народната банка на Македонија во Business Central. Повеќе за информацијата има на линкот https://www.loginsystems.biz/post/business-central-avtomatsko-prezemanje-devizni-kursevi-narodna-banka-makedonija

bottom of page