Имаш прашање?
Најчитано ...
Најново од Dynamics 365 Business Central
За форумот
Овозможено од Логин Системи
Логин Системи е компанија која во своето работење посветува внимание на деловната заедница во различни форми.
Покрај нашите деловни софтверски решенија кои овозможуваат поголема конкурентност и модерна работа според потребите на фирмите и организациите, преку форумот овозможуваме размена на бизнис искуства и знаења помеѓу членовите на заедницата.
Ви посакуваме пријатна работа!
Картичката ми е во Стопанска банка Скопје.
Здраво Ристо. Колку што сме информирани, Стопанска банка Скопје нема поврзаност со Пејпал за прием на пари.
Инаку, Пејпал првенствено е наменет за наплата од продажба и услуги во земјата и странство. Со новиот софтвер на Пејпал, има можност да се плаќа директно на емаил/веб адреса и при тоа таквиот прилив е предмет на оданочување.
Веројатно постојат други методи за префрлување на пари од пријател, без вклучување на Пејпал. Затоа треба да зборите со вашата банка или некој сметководител.
https://www.paypal.com/us/webapps/mpp/bml-send-money
https://www.paypal.com/us/for-you/transfer-money/send-money
На линковите погоре пишува дека може да се праќаат пари на пријател. Спомната е и причината за тоа што ни треба: „Need to pay a friend back?“. Јас му ги плаќам сметките тука во денари и му го одржувам станот, а тој ми праќа пари за тоа. Не гледам причина тоа да биде предмет на оданочување. Инаку точно е дека има многу други методи, ама сите имаат провизии. Си мислев кога веќе сте го проработиле PayPal да го искористам, но изгледа ништо и од тоа?
Затоа е потребно да се консултирате со сметковофител. Технички, Пејпал овозможува пренос на пари, а за третманот на таквите трансакции треба да се проверст локалните закони.
Си ми избришал дел, па кога имаш таква моќ - избриши го и целото прашање кое сум го поставил, а не само деловите што не ти одговараат. Останува мојот впечаток, (само)рекламата дека Пејпал работи во Македонија е фиктивна. Работи ако пишеш дека си од Бугарија, што работеше и порано. Затоа сме тука до каде што сме. Сите нешто се фалат, а кога ќе отвориш позади да го употребиш тоа излегува шупливо. Заклучокот ми е дека Пејпал не работи и ќе си бараме чаре на други сервиси (како и што сме правеле). И така е и поскап, од многу други сервиси, дури и за тие со фирми што сте го проработеле. Само се занесов дека ете може некој нешто направил. Криво ми беше дека изгубив неколку часа читајќи како да го направам тоа што е (само)рекламирано, а не работи. Но што да се прави, паднав на реклама.
Рубриката за Пејпал на овој форум е формирана како упатство и размена на искуства за Пејпал. Не дозволуваме политички пароли ниту ругање со државата - затоа тој дел го избришавме. Лечење комплекси и фрустрации, евентуално плукање (неаргументирано коментирање) за државата и слично може да правите на друго место и адреса - тука не дозволуваме.
Што се однесува на некакво рекламирање што го кажувате, никаде во ниеден пост или коментар на овој форум не е рекламирано за Пејпал и неговата услуга во Македонија. Напротив. Дека има проблеми и простор за подобрување и информирање, сме ја формирале оваа рубрика. Затоа споделуваме технички детали и напатствија како се користат - на македонски јазик и со новиот интерфејс на Пејпал.
Никој не натура да се користи Пејпал од проста причина што не сме застапници за Пејпал, ниту го користиме во нашето работење. Можеби евентуално во иднина. Ова со Пејпал е наша чисто волонтерска работа и добро е да се цени што издвојуваме време и ресурси за популаризација на платежни услуги. На форумот може да пишува кој сака на теми поврзани со платежни услуги, не мора да е поврзано со Пејпал, и за таа цел се поканети и банките, стручњаците за сметководство и правни работи ...
Еден начин да проверите каде е евентуалниот проблем е наведен во објавата Како-да: Проверка дали е до картичката, до банката или до акаунтот Пејпал (заедно со земјата).
@Risto Petrov Paypal е сервис за наплата при продажба на производи и улуги. Треба да имаш производ или услуга која сакаш да ја продадеш во странство и да си ги наплатиш парите. При тоа ваквата продажба е предмет на оданочување како било која друга продажба.
Префрлување на пари од странство за да плаќаш кирија и други трошоци се прави со други сервиси - колку што сум запознат илјадници наши граѓани користат Western Union. Според Народната банка, преку една милијарда евра годишно дијаспората префрлува во Македонија.
Друг начин е пријателот да ти извади картичка во земјата во која работи и да ти даде на користење. Картичката ќе ја дополнува со пари за да имаш да трошиш во текот на месецот.
Значи, не ти треба Пејпал за тоа што го бараш.