Имаш прашање?
Најчитано ...
Најново од Dynamics 365 Business Central
За форумот
Овозможено од Логин Системи
Логин Системи е компанија која во своето работење посветува внимание на деловната заедница во различни форми.
Покрај нашите деловни софтверски решенија кои овозможуваат поголема конкурентност и модерна работа според потребите на фирмите и организациите, преку форумот овозможуваме размена на бизнис искуства и знаења помеѓу членовите на заедницата.
Ви посакуваме пријатна работа!
Од страна на работна група предводена од Народната банка на Република Северна Македонија е подготвен работен текст на Закон за платежни услуги и платни системи кој е дистрибуиран до банките, стопанските комори и други асоцијации. Со овој закон се олеснува постапката за воведување на Пејпал и други процесори. Во членот 1 од овој закон стои:
„Со овој закон се уредуваат видовите на платежните услуги, давањето на платежните услуги, издавањето на електронски пари, основањето и работењето на платежните институции и на институциите за електронски пари, транспарентноста на условите и обврските за информирање во врска со платежните услуги, правата и обврските на давателите и корисниците на платежните услуги, отворањето и користењето на сметката со основни функции, преносливоста на платежната сметка, транспарентноста и споредливоста на надоместоците поврзани со платежните сметки и услуги, постапките за решавање на спорови настанати при давањето на платежни услуги, платните системи и конечноста на порамнувањата, надзорот над вршењето на платежните услуги, супервизијата на платежните институции и институциите за електронски пари, надзорот над операторот на платен систем, надгледувањето на платните системи, единствениот регистар на сметки, како и други прашања поврзани со платежните услуги.“
Здраво Венко, Дали ова значи дека веќе легално ќе можеме да користиме средства како Пајонир, Transferwise, за примање пари и префрлање во банка? До сега банките ги блокираа трансферите со изговор дека не им е дозволено од народна банка да извршуваат такви трансфери, но во недостаток на ПејПал барем да ни бидат дозволени овие средства кои се алтернативи на ПејПал за примање пари. Поздрав,
Ангел
@Angel ти одговорив на слично прашање и го има на линкот https://www.loginsystems.biz/forum/main/comment/5cee3d1c825de5001656b070.
Spread the word!
Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари