Со одлука број 02-22066/1 од 27 Јуни 2018 година, Народната банка на Република Македонија ја објавува референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01.07.2018 година до 31.12.2018 година.
Согласно оваа одлука, референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 1 Јули 2018 година до 31 Декември 2018 година изнесува 3,00%. (Линк до одлуката на НБРМ). Досегашната стапка изнесуваше 3,25%.
Како се применува во пракса?
За долг во денари казнената камата во периодот од 1 Јули до 31 Декември 2018 година изнесува:
во облигационите односи помеѓу правни лица стапката е 13,00%
во облигационите односи од кои барем едно лице е физичко лице стапката е 11,00%.
Повеќе информации има на сајтот на МСФИ: Казнената камата за долг во денари во периодот од 01.07.2018 до 31.12.2018 година е намалена како резултат на намалување на референтната стапка од 3,25% на 3,00%
А повеќе информации за ЛС модулот за пресметка на камата во Dynamics NAV има на форумот на сајтот на Логин Системи: https://www.loginsystems.biz/forum/microsoft-dynamics-365/kako-da-presmetka-na-kamata-za-nenavremeno-plakjanje