После 25 години, го пензионираме сегашното - ново лого за нова мисија

Скопје, 31.07.2017. Логин Системи, провајдерот на деловни решенија за сметководство и ERP одлучи да го замени сегашното лого со ново. Постоечкото лого е креирано од почетокот на фирмата во 1991 и претпре мало дополнување во 2003та година.

„Со новото лого Логин Системи влегува во нова ера од своето работење кадешто 'клауд' технологиите, бизнис апликациите и перформансните-менаџмент услуги ќе бидат главните мотори на развојот на фирмата.“, изјави Венко Глигоров, основач, ко-сопственик и управител на Логин Системи. „Лично имам жал што досегашното лого го менуваме бидејќи со него ги поминавме сите можни фази на Логин Системи. Сепак, ни требаат сега нови алатки за да го предводиме новото време.“


 

Досегашното лого на Логин Системи

Ново лого на бела површина

Ново лого со основна боја

Новото лого на Логин Системи има едноставен дизајн со елегантно-футуристички фонт и конкретен слоган. Симболот укажува на светска препознатливост и на деловни и активни луѓе кои патуваат и користат ресурси од „клауд“ технологии. Самиот дизајн овозможува лесна применливост на социјалните мрежи, на маркетинг материјалите и на разните ознаки на фирмата.

Лого аплицирано на летни маици

„Со новото лого се обраќаме на помладата работна популација која тежнее да користи мобилни алатки и современи методи од светски признати производители, а Логин Системи ќе ги развива и прилагодува на нивните потреби.“ завршува Венко Глигоров.

Логин Системи ќе го заменува старото лого со новото - етапно. На почетокот, веб сајтот и социјалните мрежи ќе се „преоблечат“ со новото лого.

Симбол на новото лого

Куриозитет е тоа што за прв пат Логин Системи ќе користи графички симбол - тој ги претставува деловните луѓе во интеракција со светот користејќи напредни технонологии и решенија.


Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz.

#PR #MK

    0