Пред 23 години: Проектниот план за лансирање на Windows 95 во Македонија

Пакувањето на Windows 95

Скопје, 22.09.2018. Деновиве изминуваат 23 години од револуционерното лансирање на Microsoft Windows 95 во светот. Македонија не заостануваше од светската премиера. По тој повод Логин Системи како официјален дистрибутер на Microsoft организираше богата програма.

Во продолжение е прикажан проектниот план на Логин Системи со богатата програма:

  • Светската премиера на Windows 95 беше на 24 август 1995 година, а на Office 95 - на 26 август 95

  • Во Македонија го одбележивме светскиот ден со работен состанок и презентација со актуелните продажни партнери на Microsoft во работните простори на Логин Системи

  • Во август 1995 година ја организиравме и првата обука за Windows 95

  • Главната промоција на WIndows 95 се одржа на 18 сеп 1995 во салата на АРМ (преку 500 присутни).

  • Покрај презентирањето на Windows 95, во фоајето на МНТ имаа штандови неколку македонски компании како Вест Компјутинг и Усамак Компјутерс.

  • Од 19 до 23ти септември се одржуваа секојдневни презентации и советувања со различни фокусни групи во Природо-научниот музеј во Скопје

"... најдобрите планови се прават на празен лист хартија и надвор од работната просторија." - Венко Глигоров.

"За разлика од денешните алатки за водење на настани и проекти, во 1995 година немаше ефикасни алатки - сеуште не беше заживеан Outlook, а Microsoft Project излезе после лансирањето на Windows 95", се присетува Венко Глигоров, основачот на Логин Системи и главниот огранизатор на лансираето на Windows 95 во Македонија. "И да имаша алатки, тие требаше да се користат на десктоп, а најдобрите планови се прават на празен лист хартија и надвор од работната просторија".

На наредната слика е оригиналната проектна документација на Логин Системи - правени без Outlook Calendar или Microsoft Project. :)

Проектен план за август/септември 1995

За маркетинг планирањето и изведбата помош имавме од маркетинг агенцијата Идеа Плус. Официјалното пуштање на Windows 95 беше пропратено со музиката од песната "Start Me Up" на Ролинг Стоунс. За целата кампања се потрошени преку 200 милиони долари.

Официјалната реклама за Windows 95 со музиката од Ролинг Стоунс

Windows 95 низ слики

Во продолжение погледнете ги некои сеќавањата од тоа време.

Вести на сервисот M.I.L.S. 24/08/95

Даниел Даниловски со предавање за Microsoft Windows 95

Венко Глигоров на средба со новинарите (сеп 1995)

Поврзано: Сеќавање на лансирањето на Windows 95 / триумф на маркетингот

Штанд West Computing / Статија во Нова Македонија (сеп 1995)

Првиот официјален купувач на Microsoft Windows 95 во Македонија


АКО СТЕ БИЛЕ ДЕЛ ОД ОВИЕ НАСТАНИ КАКО АКТИВЕН УЧЕСНИК ИЛИ КАКО ПОСЕТИТЕЛ, ЌЕ НИ БИДЕ ДРАГО ДА ЛАЈКНЕТЕ ИЛИ ДА СТАВИТЕ КОМЕНТАР ЗА ВАШИТЕ ВПЕЧАТОЦИ.

Уште подобро, ако имате слика од тоа време, ќе бидеме благодарни ако споделите тука.

#Windows #Лидерство

    0