PayPal за прием на пари нема да има оваа година

Скопје, 05.12.2017. Денес, Венко Глигоров, управител на Логин Системи и водач на приватната иницијатива за воведување на PayPal за прием на пари во Македонија објавува дека оваа опција нема да биде расположива до крајот на оваа година.

"Во паралелна акција со Министерството за финансии се обидовме да ја обезбедиме неопходната услуга од PayPal и сега за сега немаме значителен прогрес." изјави Венко Глигоров. "Во коресподенцијата со PayPal не се истакнува некој посебен период кога би започнале подготовките за сервисот".

Според иницијаторот, напредок во процесот би се постигнал со средба помеѓу државното ниво на Македонија заедно со челните луѓе од PayPal. На оваа средба би се презентирале плановите на Македонија за економски развој и евентуалните бизнис иницијативи кои би стимулирале електронска комерција.

"Македонија е мала земја и недоволно атрактивен пазар и само со лобирање од повеќе страни може да се придобие PayPal да го воведе овој сервис во Македонија.", истакнува Глигоров. "Заради евидентните потреби, деловната заедница во Македонија и професионалците во различни области се приклучија на иницијативата со голем елан и оваа иницијатива треба да продолжи посилно во наредна фаза и на повисоко ниво."

Повеќе информации за иницијативата може да се најдат на адресата https://goo.gl/7wo2Ur.


Од своето основање во 1991ва до денес, Логин Системи е општествено одговорна организација и покрај деловно-комерцијалните активности вклучува активности кои се корисни за економијата и пошироката општествена заедница.

Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV. Повеќе за Логин Системи има на адресата www.loginsystems.biz.

#PR #MK #Општественаодговорност

    0