Главна книга

Основата на секое сметководство со многу повеќе корисни функционалности од останатите софтвери

#ЛСНадополнување

Налог за книжење

На барање од македонските сметководители, оваа опција ја вградивме во Dynamics NAV

Книжењето во Dynamics NAV се изведува директно од самите документи какви што се продажна или набавна фактура, приемница, преносница, испратница и сл. Другите книжења се прават преку таканаречени журнали или дневници.

 

Со самото одложување на документот во книгата на документи (фактури, испратници, благајни), автоматски се прави книжење во главната книга. Тоа значи дека еден искнижен документ одговара на еден налог за книжење. Бројот на искнижениот документ е виртуелно бројот на налогот за книжење.

Сепак, некои книговодители имаат потреба од групирање на еден или повеќе искнижени документи во налог за книжење кој ќе има посебен број. Во македонската локализација на Dynamics NAV и во надополнувањата на Логин Системи може да се користи налогот за книжење на два начина: првиот е кога ќе се книжи документот, во рамката за дијалог да се стави бројот на налогот за книжење. Вториот начин е со користење на Дневник на документи.

 

Изведбата на налогот за книжење овозможува прегледен приказ на сите конта на кои се регистрирани трансакции при книжење на соодветниот документ или група од документи.

Броевите на налозите за книжење може да бидат последователни за книжење на било кој документ или да бидат посебни броеви за различни типови на документи (групи), што на корисникот му овозможува организирано водење и чување на документите, и полесно ракување со истите во случај на ревизија, инспекции и сл.

 

Слика: Листа на налози за книжење и картичка

Слика: Листа на налози за книжење и картичка

Повеќе инфо:
Сподели информација

Блог објави

Главна книга
Функционалности за главна книга, книжења, буџетирање и трошоци
Општо за Главна книга
Општо за Главна книга
Консолидација
Консолидација
Центри на одговорност
Центри на одговорност
Распоред на сметки (конта)
Распоред на сметки (конта)
Основен XBRL
Основен XBRL
Одложувања
Одложувања
Буџети
Буџети
Трошковно сметководство
Трошковно сметководство
Налог за книжење
Налог за книжење
Алокација
Алокација
Интеркомпаниски книжења
Интеркомпаниски книжења

Напомена: Можни се мали отстапувања на описите од самата верзија на Dynamics NAV / 365 Business Central. 

Microsoft Dynamics NAV е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со Dynamics NAV / 365 Business Central. 

Избери некоја од категориите ...

Главна книга
Основата на секое сметководство со многу повеќе корисни функционалности од останатите софтвери
Ракување со готовина
Имај увид на парите во секое време
Основни средства
Набавка, распределување на вработен, амортизација, ревалоризација и расходување
Извештаи и анализи
Прави брзи и квалитетни одлуки базирани на аргументи
прикажи повеќе
color_logo_transparent_2x.png

Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија за креирање и одржување на ЕРП деловни решенија (ERP solutions) базирани на индустрискиот стандард Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central.

Од своето постоење до денес, Логин Системи е секогаш лидер во областа што ја работи. 

Сподели:
LSLogoTransparentWOSlogan